АктуелноИнтернационално

Во Украина се испраќа оружје маскирано како хуманитарна помош – работниците на италјанскиот аеродром одбиваат да ги натоварат пратките

Работници на меѓународниот аеродром во Пиза, Италија, одбиле да натоварат пратки со „хуманитарна помош“ во авиони кои преку Полска, требало да стигнат во Украина, затоа што кофчезите биле полни со оружје и други видови експлозивни направи. 

Еден од најголемите италијански синдикати повика на протест пред аеродромот во Пиза во сабота, откако доби дојава од некои вработени дека авионите на Украина превезуваат оружје и муниција, а не храна и лекови.

Неколку работници на аеродромот во Пиза одбија да натоварат еден од карго летовите за кои беше објавено дека носи хуманитарна помош за Украина. Касите не содржеле храна и лекови, туку оружје, муниција и експлозиви, се вели во соопштението на „Unione Sindacale di Base“ (USB).

Аеродромските работници во Италија тврдат дека „хуманитарниот“ товар од Пиза всушност имал за цел да го поттикне конфликтот. Тие велат дека касите треба да носат храна, лекови и други материјали за цивилното население, но наместо тоа, тие се полни со оружје, муниција и експлозиви.

„Ние силно го осудуваме ваквото грубо фалсификување, кое цинично и подло користи „хуманитарна“ помош како маска за, во суштина да ја поттикне војната во Украина“, се вели во соопштението на синдикатот. 

Синдикатот уште и побара контролата на летање да го одбие полетувањето на овие летови и ги повика граѓаните на протест против „летовите на смртта“ пред аеродромот на 19 март.