АктуелноЛокално

Советникот од Левица кој бараше осветлување на улиците во с. Манастирец доби само закани

На 24.02.2022 од страна на членот на Советот на Општина Росоман од Левица, Влатко Трајков, беше побарано да се поправат уличните светилки во село Манастирец.

Поради непостапување по ова барање, на 13.03.2022 членот на Советот преку својот facebook профил ја извести јавноста за поднесеното барање и реагираше за неажурноста на службите и Градоначалникот Стојан Николов.

Веднаш по објавувањето на оваа реакција, членот на Советот на Општина Росоман од редовите на Политичката Партија Левица добил телефонски повик од таткото на градоначалникот во кој добил пцовки и закани за замолчување со понижувачка реторика.

За оваа постапка, членот на Советот Влатко Трајков поднесе пријава на 14.03.2022 во ОВР Кавадарци.

Политичката Партија Левица потсетува дека никакви закани нема да ги замолчат активистите, борците за подобро утре и застапувачите на народот во Советите, оваа постапка е само доказ за силувачката политика на СДСМ со која истите си оставаат трајна дамка и недоверба кај народот!