(ВИДЕО) АЗОВ и нацистичките кампови за деца

На друштвената мрежа ‘’Vkontakte’’, група симпатизери на украинскиот нацистички батаљон – Азов, објавија десетина фотографии од летниот камп, каде може да се забележат деца кои ракуваат со огнено оружје од видот AK-47.

Летниот камп ,,Azovec” се наоѓа во близина на Киев, а најмладите членови се од шест години. ,,Идејата е во нацијата, силата е во тебе’’ е мотото на оваа организирана група.

,,Azovec’’ нема своја веб страна, но активно се промовира по друштвените мрежи, како што се Фејсбук и Твитер и каде имаат свои официјални профили.

Инструкторите на оваа организација се доброволци од редовите на батаљонот Азов, а некои од обуките кои ги оддржуваат се од преживување во дивината, па се до ракување со огнено оружје. Секако, застапени се и политичките предавања.

За време на обуката, учесниците се сместени во шатори кои се подигнати во близина на летниот камп.

,,Кампот е основан со цел да се покаже на децата дека постојат и останати работи во животот, освен училиштата и мобилните телефони, изјави командантот на Азов и инструкторот на летниот камп. ,,Секој мора да биде силен и храбар и да го брани нашиот територијален интегритет’’, додаде тој.

Децата кои се дел од овој летен камп, носат маици на кои може да се забележи знакот на батаљонот Азов, кој бил користен за време на Втората светска војна од страна на германската SS дивизија, пишува на официјалната страна на кампот.

Цената за да се биде дел од летниот камп ,,Азовец” чини 41 американски долари за времетраење од една недела, вклучително и осигурување.

Доброволниот батаљон Азов е основан во 2014 година од страна на Andrey Biletsky, историчар и политички активист кој јавно се декларира како национал-социјалист, кој исто така го предводи и Патриотското Движење на Украина.

Откако нацистичката единица е примена како дел од националната украинска гарда, активно зема учество во воените напади на источна Украина.

Високи членови на Обединетите Нации ја обвинаа оваа организација за кршење на голем број човекови права, вклучително и измачување и ликвидирање на неистомисленици.