Историска посета на Си Џинпинг на Саудиска Арабија

  • Фејсбук статус на Дарко Тодоровски – Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Бидејќи медиумите во Македонија молчат за историската посета на претседателот на НР Кина на Саудиска Арабија, и за тектонските геостратешки промени кои што следат во следниот период на Големата шаховска табла на Блискиот Исток.

Змејот од Истокот, направи стратешки скок на Блискиот Исток и во Персискиот Залив. Посетата на Си Џинпинг ќе трае три дена, и има за цел исполнување на вакуумот во Блискиот Исток, по повлекувањето на САД од регионот. Лидерите на арапските држави се повеќе гледаат кон Пекинг, а не кон Вашингтон.

Си Џинпинг беше пречекан со најголеми државни почести, за разлика од пречекот на Бајден;

За прв пат од почетокот на нафтената ера, Западот нема контрола над светското производство на нафта. Контролата ја има НР Кина и Истокот;

Ќе се засили процесот на нафтениот јуан и создавање на светски јуан во светот. Саудиска Арабија наскоро својата нафта во НР Кина ќе ја продава за јуани, а исто и другите арапски држави;

Кралот Салман од Саудиска Арабија и претседателот на Кина Си Џимпинг потпишаа договор за сеопфатно стратешко партнерство. Страните, исто така, се договорија за координација помеѓу програмата за развој на Саудиска Арабија, Визија 2030 и Кинеската иницијатива „Појас и пат“;

Покрај билатералните преговори со саудиските власти, во програмата на кинескиот претседател се и два самита: „Кина – арапскиот свет“ и „Кина – Советот за соработка за арапските држави од Персискиот Залив“.

Како резултат на тоа, во текот на трите дена од посетата, Кси Џинпинг ќе се сретне со повеќе од 30 шефови на држави и бизнисмени. И Кина и арапските земји на секој можен начин нагласуваат дека се заинтересирани за натамошен развој на врските.

Веднаш по почетокот на посетата на Си Џинпинг, саудиските и кинеските компании потпишаа 34 инвестициски договори во области кои се движат од зелена енергија и информатичка технологија до транспорт и градежништво. Медиумите однапред објавија дека станува збор за сума од повеќе од 110 милијарди саудиски ријали (околу 29,2 милијарди долари). А според некои други извори, потпишани се договори во вредност од 100 милијарди долари, плус следат потпишување на големи договори со другите арапски држави во наредните 2 денa.

НР Кина е најголем инвеститор во Саудиска Арабија и на Блискиот Исток, и во арапските држави. НР Кина е најголем трговски партнер на Саудиска Арабија и на сите арапски страни, плус Иран. Кина и Саудиска Арабија се обврзаа да развиваат одбранбена соработка и координација: заедничка изјава.

НР Кина и помага на Саудиска Арабија во создавањето на ракетната програма, пред се балистички ракети. Плус, како резултат на откажувањето на САД од поставување на беспилотни летала во Саудиска Арабија, НР Кина и поставува различни класи на беспилотни летала на Саудиска Арабија, и со помош на НР Кина, во Саудиска Арабија е создадена цела индустрија за производство на беспилотни летала. Плус, НР Кина и поставува на Саудиска Арабија средства за радио – електронско војување, воени ласери, и многу други современи оружја.

За арапските држави, Пекинг е еден од најзгодните партнери, бидејќи не наметнува никакви политички услови. Интересите на Пекинг на Блискиот Исток, како и целата надворешна политика на Кина, се многу прагматични, особено кога се споредуваат со САД. Кина не принудува никого да избере една или друга страна, не поставува никакви политички и идеолошки услови, а едноставно развива економски врски.

Саудиска Арабија потпиша договор со Huawei за изградба на високотехнолошки капацитети во државата, и покрај загриженоста на САД за можен безбедносен ризик при користење на технологијата на кинеската фирма. Huawei е вклучен во изградбата на 5G мрежи во повеќето земји од Заливот, и покрај загриженоста на САД.