АктуелноИнтернационално

Меѓународен јавен трибунал за Украина

Пишува: Дарко ТодоровскиМагистер по меѓународни односи и воен аналитичар.

Почнувањето со работа на Меѓународниот јавен трибунал за Украина го најавија јавни личности и меѓународни новинари на прес-конференцијата што се одржа во меѓународниот мултимедијален прес центар „Русија денес“ во Москва на 11 март 2022 година. Одлуката за формирање на Меѓународен јавен трибунал за Украина беше донесена на 1 март 2022 година на меѓународна конференција во Општествената палата на Руската Федерација на иницијатива на странски и руски јавни личности и новинари.

„Претставници на повеќе од 20 земји веќе учествуваат во Меѓународниот јавен трибунал, и нивниот број постојано расте. Добиваме огромна количина на информации, докази и факти за тоа како украинската војска и нацистичките баталјони користат цивили во Украина и ги принудуваат да учествуваат во борбените операции“, рече Максим Григориев (член на Општествената палата на Руската Федерација, претседател на Меѓународниот трибунал за Украина) за време на прес-конференција.

Како што истакна Максим Григориев, работата на Трибуналот ќе се заснова првенствено на собирање и анализа на информации што доаѓаат од граѓаните лоцирани во разни делови на Украина.

Отворањето на таков трибунал за Украина е неопходна мерка. Во текот на осумте години од граѓанската војна во Украина, собрани се илјадници сведоштва за воени злосторства. Меѓу нив се гранатирањето на Донбас, политичките убиства, репресиите врз цивилите, како и против свештениците, вклучително и прогонот на Православната црква. Огромен бран на неонацизам стана составен дел од идеологијата на режимот во Киев. Сепак, од речиси шест илјади барања и релевантни документи за кршење на човековите права на територијата на Донбас од страна на украинските вооружени сили, Европскиот суд за човекови права не разгледа ниту еден случај.

Шефот на руската организација за човекови права во САД, Елена Бренсон, која беше присутна на средбата, рече дека во Америка активно се промовира русофобија и дехуманизација на Русите. Западот создава негативен имиџ за Русија и ги повикува сите земји пријателски настроени кон Русија да се откажат од соработката и пријателството со Русија. За нејзините активности поврзани со промоција и зачувување на културното и историското наследство на Русите кои што живеат во САД, и подобрување на хуманитарните врски помеѓу САД и Русија, таа се соочува со казна затвор од 35 години. Во САД Елена е обвинета како странски агент. Во текот на изминатата година, ФБИ и разузнавачките агенции на САД посетија повеќе од 300 претставници на руската заедница.

„Едно од обвинувањата против мене беше акција во која учествував на Денот на Русија. Излеговме со плакати ‘Ја сакам Русија’. И само затоа ми се закануваат пет години затвор. Можете ли да замислите?“ Елена Бренсон

Канадската новинарка Ева Барлет зборуваше за тоа како се известува за Русија во западните земји. Ева Барлет, која и самата беше сведок на злосторствата на украинските националисти во Донбас, ја истакна важноста од создавање на трибунал, задржувајќи се на медиумскиот аспект. Според неа, во Украина „населението е подложено на терор, страдаат обичните Украинци, а медиумите не зборуваат ниту пишуваат за тоа, криминалците се величаат, а истото се случи и во Сирија.“ Барлет зборуваше и за тоа како функционира пропагандата на западот и за тоа дека луѓето во овој реѓион не можат да добијат објективна слика за случувањата. На луѓето од Западот им е испран мозокот, тие не знаат за ужасите на Донбас и неконтролираниот неонацизам во Украина. Многу е лесно да се манипулира со западната публика бидејќи луѓето не се свесни за овие злосторства. Тие не знаат за подемот на неонацистите во Украина. На луѓето на Запад медиумите едноставно им го перат мозокот. Подготвени се да ја поддржат Украина, но во исто време не знаат за страдањата на кои беа изложени луѓето во Донбас повеќе од 8 години“.

Она што се случува во Украина на никаков начин не е во корелација со Женевската конвенција за заштита на цивилното население во време на војна, според која, при воените дејства, неопходно е да се заштитат цивилите, без оглед на нивното државјанство. Во исто време, владејачката елита во Украина 8 години добро разбираше што навистина се случува, за жал, за разлика од сопствениот народ.

„Осум години не обрнуваа внимание на она што се случува во Донбас, а сега се чини дека се разбудиле. Затоа што Русија конечно одлучи да ги заштити луѓето таму“, вели француската адвокатка, професорката Карин Беше-Головко.

Американскиот политички коментатор Ендрју Корибко го привлече вниманието на фактот дека Киев регрутира платеници, а западните земји отворено го поддржуваат тоа. Односно, тие промовираат двојни стандарди заради нивните геостратешки цели.

„Русија е соочена со хибридна војна, чија цел е да се воспостави контрола над Украина и да се претвори истата во антируска. Станува јасно дека во Украина веќе долго време е создадена воена инфраструктура, дизајнирана да ја нападне Русија во иднина, вклучително и со употреба на биолошко оружје. Не може да се каже дека Путин ја започна третата светска војна. Наместо тоа, тој ја спречи. Доколку не ја покренеше оваа специјална операција, не може да се исклучи дека во иднина ќе имаше и биолошко и нуклеарно оружје во Украина“, додаде Ендрју Корибко.

Авторите и основачите на Меѓународниот јавен трибунал за Украина сметаат дека нивниот трибунал е првиот чекор во изградбата на нов правен систем за заштита на човековите права во светот.