Томас Санкара ја револуционизира Буркина Фасо

На 15-ти октомври 1987 година, претседателот на Буркина Фасо, Томас Санкара, марксистички револуционер и феминистички  пан-африкански лидер , беше убиен во воен удар. Една недела пред неговата смрт, Санкара во однос на Че Гевара изјави: “Револуционерите и поединците можат да бидат убиени, но затоа идеите никогаш не умираат”.

Тој го промени името на државата од француското колонијално име Горна Волта во Буркина Фасо, што во превод значи “земјата на исправените луѓе”.

Санкара во четирите кратки години додека е претседател активно работи на создавање “трет пат” за време на Студената војна со цел да ја оддели Буркина Фасо од интересите на Франција и САД. Тој се спротистави на хегемонистичката моќ на Франција во западна Африка, повикувајќи ги интернационалните банки и колонијалните нации на Западот да стават крај на долгот на африканските нации. Додека ја води државата, Санкара одбива да позајмува кредити од Светска банка и наместо тоа, неговиот фокус е насочен кон зајакнување на локалното производство на храна и текстил.

Исто така, Санкара ги укинува задолжителниот труд и ‘даноците на почит’ за селски главари, женското обрежување и полигамијата. Започнува национални програми против тропските болести и програми за имунизација на населението, гради основна инфраструктура за транспорт и домување и промовира програми за описменување (за само четири години писменоста во земјата е зголемена од 13% на 73%). Жените и сиромашните селани се во фокусот на неговата револуција и токму тие добија најмногу придобивки од неговото претседателствување.

Санкара ги третира владините работници како слуги на народот. Самиот заработувал 450 долари месечно и не им дозволувал на државните службеници да поседуваат “Мерцедес” со шофер или да летаат со прва класа.

Тој бил критикуван заради нетолерирање на политичка опозиција, забрана за синдикатите и поради недозволување поголема слобода на медиуми..

Санкара ја презема власта преку воен удар што го предводи лично тој и капетанот Блез Компaоре. Во 1983 година и четири години подоцна, Компаоре со воен удар каде е убиен Санкара доаѓа на власт. Компаоре, кој поддржан од Запад веднаш ги поништува повеќето реформи што ги воведува Санкара, сеуште е претседател на Буркина Фасо.

“Не можете да постигнете фундаментални промени без одредена доза на лудило. Во овој случај, тоа доаѓа од неконформизам, од храброста да се сврти грбот на старите формули, храброст да се измисли иднината. Потребен ни е лудакот од вчера за да можеме да дејствуваме со екстремна јасност денес. Сакам да бидам еден од тие лудаци. Мораме да се осмелиме да ја измислиме иднината “.

Текстот е преведен од Телесур.