Британската психолошка асоцијација гласаше да се исклучи руското психолошко друштво од Европската федерација на здруженија на психолози
- Пишува Ивана Стоименовска, магистер по социјална психологија.
Антируската пропаганда од страна на Западот отиде толку далеку што покрај сите санкции кои се воведуваат против Русија не ги исклучија и психолозите и психотерапевтите кои во основа би требало да имаат хуманистички пристап и нивната примарна дејност е да им помагаат на сите луѓе без разлика на нивната политичка, верска, расна и било каква припадност.
Така Британската психолошка асоцијација на чело со претседателот Катрин Карпентер ги исклучија руските психолози од психолошкото здружение на Европската Федерација во знак на поддршка на колегите во Украина.
Таа изјави: „Една од најголемите предности на нашата професија е обединувањето со цел да ги заштитиме нашите основни вредности на демократијата, слободата и човековите права. Меѓународната психолошка заедница мора да остане заедно со нашите украински колеги поради тоа што тоа е нивна потреба’’.
Токму во оваа изјава се гледа лицемерието на западните империјалистички земји и желбата за доминација задскриена под флоскулите на демократијата и човековите права.
Така дури и психолошката и психотерапевтската дејност е зафатена од политичкиот дискурс нешто што никогаш не е пропагирано како политичко прашање. Но овој потег на Британската психолошка асоцијација само го покажа спротивното и уште еднаш покажа дека Запад не ги толерира различностите, нешто што е сосема спротивно на нивната долгогодишна лицемерна пропаганда.
Западните земји преку притисок кон буквално сите дејности сака да ја казни Русија и да ги наметне своите прозападни вредности, да ја наметне својата моќ и на таков подмолен начин да му покаже на светот дека само западните вредности и западниот империјализам се вистинските. Ова само би го продлабочило јазот и би ја зголемила нетолерантноста меѓу различностите нешто што во овие моменти само го засилува огнот а не го неутрализира како што тие пропагираат.