АктуелноЛокално

Левица: Во културата финансии само за режимските уметници

  • Реакција на Левица – Сектор култура.

Министерството за култура ги објави резултатите од минатогодишниот конкурс за проекти од областа на културата за 2022 година. Изборот на подржаните проекти, а уште повеќе и износот на додолените средства за имплементација на избраните проекти во објавената програма јасно укажува на тоа како Министерството го артикулира и го штити националниот интерес на македонската држава во областа на културата.

Она што прво паѓа во очи е фактот што ни во оваа програма Министерството за култура не успеа да направи разграничување во финансирањетто на програмите на државните национални институции од проектите на невалдиниот, таканаречен независен граѓански сектор.

За разлика од поранешниот систем каде националните институции во културата имаа апсолутен приорет во државното финансирање, сега невладиниот сектор прибира над 40% од вкупните средства кои државата ги издвојува за културата, и тој всушност го одразува и покажува националниот интерес на државата.

Така, оваа државна политика води кон една апсурдна и контрадикторна ситуација – секторот кој што треба да е независен т.е. кој што по дефениција ја претставува слободната независна сцена во културата сега добива огромна подршка од државата, тој од неа станува зависен и е тој кој вусшност сега го претставува и брани државниот интерес во културата. Со други, зборови се става во негова служба!

Културата/уметноста која важи за критичар на секое општествено уредување и е еден од носителите на критиката кон застранувањето на секоја власт, особено онаа лошата, очигледно не важи и во Македонија. Тука, ваквата критика со ова легално (пот)купување многу лесно станува хвалоспев. А такви примери можеме многу лесно да дијагностицираме од просто опсервирање на културната сцена во Македонија, кога уметници излегуваат во отворена поддршка на политичарите, за потоа да видиме дека редовно биле финансирани од по неколку институции паралелно, со по неколку свои проекти.

Не е тешко да заклучиме дека културните политики градени од независноста на државата се поставени на лоши темели, иако културата заедно со образованието треба да се темелот на општеството. Преку финансискиот бенифит во културата таа наместо авангарда се претвора во основ за хвалоспев кон власта и двигател на улизувањето и полтронството.

Оваа девијација е позната речиси во секоја општествена пора, но преку културата оваа легална подмитливост ги надминува сите лимити достигнувајќи нова димензија, илустрирарајќи го недостатокот на визија на Државата за тоа како треба да се развива културната политика.