Зеленски: ЕУ и НАТО не извисија, оставени сме сами
Руско-Украинскиот конфликт има долга историја. Неговите почетоци можат да се бараат уште пред десетина година, кога Украина одлучи да го промени надворешно-политичкиот курс, нешто што никако не се совпаѓа со интересите на Русија.
Веќе подолго време, двете страни се во конфликт, но до сега отсуствуваше официјална војна помеѓу државите, истата се случи вчера по потпишувањето на Указот од рускиот Претседател за специјална операција која ќе ја демилитаризира Украина.
Изминатите години, бевме сведоци на силна поддршка за Украина од страна на САД, Велика Британија, ЕУ и НАТО пактот во целост. Тие ветуваа поддршка, како финансиска така и воена за Украина. Но вчера, уште за време на првиот ден од официјалното започнување на војната помеѓу двете држави, поддршката ветувана од САД, Велика Британија, ЕУ и НАТО пактот за Украина ја нема.
Украинскиот Преседател Зеленски е видно разочаран од ваквата одлука, тој и украинските власти, по сите овие години соработка и поддршка на Западниот курс на политика, за прв пат не се согласи со колегите од Западот и во најтешките моменти за неговата земја во поновата историја , остана целосно извисен.
Во своето видео обраќање до јавноста, вчера вечерта, Зеленски кажа, дека земјите од ЕУ и НАТО молчат, дека тие се извисени и денес никој нема директно да им помогне.
„Кој е подготвен да го гарантира пристапот на Украина во НАТО? Искрено, сите се плашат. Ги прашав сите партнери на државата дали се со нас. Тие се со нас, но не се подготвени да не воведат во сојуз со нив. Без разлика колку разговори имав со странски лидери, слушнав неколку работи. Првата е дека сме поддржани. Благодарен сум на секоја држава што ни помага конкретно, не само со зборови. Но, има и второ – ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава. Кој е подготвен да се бори со нас? Искрено – не гледам“, – рече Зеленски.
Тој кажа дека на прашањето дали Украина ќе биде примена во НАТО, лидерите на ЕУ молчеле, без да одговорат.
„Денеска ги прашав 27-те лидери на ЕУ дали Украина ќе биде во НАТО, прашав директно. Сите се плашат, не одговараат. И ние не се плашиме, не се плашиме од ништо“.