АктуелноЛокално

Левица – Велес организира трибина: За или против целосна урбанизација на езерото Младост?

  • Соопштение на Левица – ЛО Велес.

Левица, ЛО Велес организира јавна трибина со наслов:

ЗА или ПРОТИВ целосна урбанизација на просторот околу езерото Младост?”

На оваа јавна трибина свое излагање ќе имаат истакнати екологисти и архитекти од Македонија, како и од Велес, исто така сите присутни ќе можат да го искажат своето мислење и можност да постават прашање.

Јавната трибина ќе се одржи во големата сала на општина Велес на 09.02.2022(среда) со почеток од 18:00ч.

Настанот ќе се одвива според тековните протоколи за организација на настани по препораките на комисијата за заразни болести.