АктуелноЛокално

(Видео) Левица го поднесе предлог-законот за укинување на апанажа

  • Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов.

„Овој предлог не се однесува само на пратениците, туку се однесува и на претседателот на Републиката, Владата, на сите лица што Владата ги именува или на телото кое Владата го овластило да именува фунцкионери.

Прво, платата на било кој функционер е далеку поголема од платата која ја земаат обичните македонски граѓани. Второ, работниците и функционерите се доведуваат во нерамноправна положба, затоа што за обичен работник имаме многу повеќе услови кои треба да ги исполни после престанување на работен однос. Додека пак, за функционерите немате никакви услови!

Да ги земеме последните два примери, поранешните министерки Царовска и Шеќеринска, кои се милионерки по дефиниција и кои имаат пријавено имот поголем од милион евра. Во ситуација на здравствена, економска и енергетска криза, да барате апанажа е на ниво на перверзија.

Дополнително, се прави обид надлежноста за решението за апанажа да се префли од надлежната Комисија за избор и именувања само на претседателот на Комисијата – за со обичен потпис од претседателот на комисијата да се добие апанажа.

Иако, актуелниот закон експлицитно предвидува дека надлежното тело (Комисијата на Собранието) со решение го утврдува правото на апанажа или престанувањето на истото. Тоа значи дека власта се обидува со подзаконски акт да регулира законска материја и ако се дрзнат да ја спроведат таа одлука, ние ќе ја спориме.”