Велевски: Тие бараат апанажа, работничката класа плаќа
- Статус на Горан Велевски – советник од Левица во Општина Битола.
Бараат апанажа додека дел од моменталната состојба гласи вака:
1. Повеќе од 1000 фирми низ Македонија сè уште им немаат исплатено годишен регрес – К-15 на работникот;
2. Со 5 годишен непрекинат работен однос на работникот му следува само 3 месеци парична помош од државата (материјално) во износ од 7800 ден на минимална плата;
3. Скоро во сите приватни фирми не им се плаќа на работниците дополнителен надоместок за работа во недела;
4. Повеќе од 60.000 граѓани ширум државата сè уште не можат да се вратат на работните места поради пандемијата;
5. Поскапа струја, гориво, прехранбени производи;
6. Се делат картички за бесплатен паркинг на буржоазијата, додека сиромашниот граѓанин плаќа високи цени за паркинг место;
7. Намалени плати во фабриката „Џонсон Мети“ за 5000 денари, работниците на протест;
8. Народот подигнува кредити за да бара спас во приватното здравство, додека им плаќа на државата здравствено осигурување;
9. PCR тестови само на приватно по 2200 ден;
10. Од тие апанажи се купуваат бесни возила на младите олигархчиња за на секој чекор да ни починуваат млади лица.
На удар е само работничката класа, која единствено допринесува во буџетот. Целата Влада нека се изгуби, повеќе личат на „евтини певаљки“ кои на сила им ги земаат џепарлакот на сиромашниот работник „срамота е луѓе…“ што би кажал Димитров.