АктуелноИнтернационално

Започна имплеметацијата на Договорот за стратешка соработка помеѓу НР Кина и ИР Иран

Договорот за сеопфатна соработка меѓу ИР Иран и НР Кина беше потпишан минатата година. Од овој петок истиот влезе во фаза на имплеметација. Стратешкиот договор има важност од 25 години и вклучува повеќе видови на соработка.

Хосеин Амирабдолахиан, во својата прва посета на Кина како Министер за надворешни работи, ја објави веста по состанокот со неговиот кинески колега Ванг Ји.

„Додека се подготвувавме за посетата на Кина, направивме подготовки за да можеме да го одбележиме денешниот ден како почеток на спроведувањето на сеопфатниот договор меѓу двете земји“, рече Амирабдолахиан.

Договорот е потпишан во Техеран во март 2021 година, кога поранешниот претседател Хасан Рохани беше на функција, „Стратешкиот договор“ повлекува економска, воена и безбедносна соработка. Заедничко за овие земји е што обете се под различни нивоа на санкции од САД.

За време на неговата посета, Амирабдолахиан, исто така, достави писмо од претседателот Ебрахим Раиси до претседателот Си Џинпинг, за кое рече дека содржи „важна порака“ за администрацијата на Раиси.

Засега ниту една од страните не открива детали за договорот.