АктуелноЛокалноСтав

Јанчев: Три години откако неразбраните трговци го променија името на државата

  • Став на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица  и Советник од Левица во Општина Гевгелија, за случувањата на политичката сцена пред и по изгласувањето на нелегалната промена на уставното име на Република Македонија.

Пред три години 81 неразбрани трговци го променија името на државата. На тоа му претходеше следново:

1. Предизборна кампања во 2017 во која СДС на Нашата Земја и нивната прогресивна орда ветуваа дека нема да има промена на Устав со цел промена на името.

2. Потпишување на Преспански договор од ненадлежен функционер, Димитров, за потпишување на таков договор.

3. Референдумска кампања во која, спротивно на Кодексот на Венецијанската комисија за добри референдумски практики, се потрошија милион евра државни пари за да се убеди народот да гласа за промена на името, а кампањата одеше вака:

– Државни пари за кампања за гласање против или за бојкот не беа доделени

– Министри, премиер, градоначалници злоупотребуваа функции за да убедуваат народа да гласа за и се возеа со службени коли за текот на цела кампања

– Беа ангажирани секакви шути и рогати да перат мозоци, да пеат и пишуваат песни за рајот кој следува доколку го смениме името на државата

– Се пуштаа нарачани анкети како онаа на Телма која викаше дека 57% од народот ќе излезе да гласа, а мнозинството од нив ќе гласаат “За”

– Оние од прогресивната орда, сите кои беа против промена на името и за бојкот на референдумот ги правеа затуцани, небањати и заглавени во минатото. Убедуваа дека референдумот е за европска иако јасно беше дека е за натовска Северна

– По весници на насловни страни ставаа луѓе без заби со наслови овие не го даваат името

– Довлечкаа еден куп странци да не убедуваат да си го смениме името вклучувајќи го и Курц, чија земја (Австрија) не е членка на НАТО

– Прогресивната орда убедуваше дека ЕУ и НАТО одат заедно и се неразделни

4. Референдумското прашање беше противуставно и противзаконско.

5. Референдумот пропадна, народот успешно го избојкотира и веднаш после референдумот овие од власта излегоа со скиснати фаци на прес па си даваа инструкции да се смеат на сила за да не изгледаат како скиснати.

6. На 11 јануари 2019, спротивно на референдумската одлука, спротивно на Устав, со поткупи, закани, вадење од притвор на Крсто вратарот и трампа во форма на претходна амнестија за сите кои на 27 влегоа да ги бранат фотелјите на дпмне, се изгласа промена на Уставот со цел промена на уставното име

На тоа следуваше:

1. Македонија не стана европска, ами натовска Северна.

2. Наместо решавање на проблемите со соседите, СДС и прогресивната орда ги разбудија сите сеништа на балканските војни и сега на краток рок ни се спрема нова Преспа ама со Бугарија која до бесконечност ќе не блокира што е добро за големите играчи во ЕУ кои и онака не не сакаат.

3. НАТО не носи економски бенефит, напротив сред криза, кога се бараше по 12 000 евра депозит по пациент за болнички кревет, се трошат по 200 милиони евра за оклопни возила.

4. Прогресивната орда уште не сфаќа дека меѓународниот поредок е базиран на нации и право на самоопределување и дека ако во сопствена земја не решаваш какво ќе и биде името на државата тогаш за ништо не решаваш и тоа се вика диктатура. Добрата страна е што кога сега гордо од високо ќе извикаат некоја мудрост од малиот мозок во стилот името не го даваме, бууу национализам итн. никој озбилно не ги сфаќа и служат за потсмев.

5. Денес главните носители на ова предавство не се веќе на функција иако како и сите имеријални слуги си мислеа дека ако добро лижат големиот газда ќе ги остави вечно да владеат. Не што не се на функција ами ќе дојде ден и во затвор да поседат за ова предавство. А таму, какви што се нежнички, нема лесно да си поминат.