Ристов: Aпсолутно стоимe позади заложбитe за рушење на сите бесправно изградени објекти

Откако инспекциската служба на Општина Карпош по добиена пријава утврди дека постои нелегално градење на верски објект во населба Злокуќани (и за истиот објект е донесено одлука да биде срушен), се испоставија и сомневања за постоење на уште една ваква дивоградба.

Од Локалниот огранок на Левица во Карпош поднесоа барање до општината за спроведе инспекциски надзор дали се гради верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.

Реакциите и борбата на советниците на Левица во Општина Карпош предизвикаа бројни реакции во јавноста, а со самото тоа и бројни спинови. По што се огласи Брнако Ристов, член на президиумот на Левица и Претседател на советот во Општина Карпош, кој најави дека Левица апсолутно стои позади своите заложби за рушење на сите бесправно изградени објекти.

„Согласно спинови од партиски медиуми и политичари кои во отсуство на политика глумат жртви сум приморан да реафирмирам елементарни работи. Левица апсолутно стои позади своите заложби за рушење на сите бесправно изградени објекти без разлика дали е комерцијален, верски, вселенски или било каков друг објект.“

Освен ова, Претседателот на Советот потсети дека нужно е потребно некој веќе да прекине со прогледувањето низ прсти на оние кои го прекршуваат Уставот и Законот, без разлика дали станува за луѓе од политичката, културната, религиозната или бизнис фелата во државата.

„Согласно Уставот сите граѓани подлежат на законот подеднакво. Овој член е редовно погазен на класна основа. Затоа законите кон Камчев, Мијалков, Анѓушев и компанија се драстично попопусливи него ли за обичниот човек. Решавање на ова би требало да е основна заложба на секој политички субјект. Во таа насока секое понатамошно погазување на овој уставен концепт преку мавтање со етничка или верска карта претставува долен чин што е станат стандард пракса секој пат кога некој политичар сака даќ ‘ќари’ евтин поен без воопшто да се потруди да креира било каква политика.“

На крај од своето обраќање преку социјалните мрежи, Ристов потсети на потребата новинарите да пренесуваат проврени информации, што патем освен законска и стручна, претставува нивна морална и етичка одговорност, потсетувајки го „Вистинометар“ која е неговата работа.

„Секако тука мора да ги спомнам и ‘независните’ медиуми со крајно ‘објективно’ пренесување информации. Па ајде и таа елементарна работа да ја расчистам. Тефик нит бил, ниту пак ќе биде член на Левица. Да прочепкале бар малку ‘новинарите’ пред да пукнат спин ќе виделе дека човекот пред некој месец стана основач на друга партија. Секако владиниот цензор ‘Вистиномер’ и ова ќе го скокне.“