Венецуела бесплатно доделува пет милиони станови за граѓаните
На 30 декември 2021 година, Владата на Венецуела им подари стотици станови на граѓаните кои немаат обезбедено сопствено домување. Државата достигна бројка од околу 4 милиони станови изградени за граѓаните во период од десет години, со цел конечната бројка да биде 5 милиони станови.
Програмата за изградба на живеалишта кои граѓаните ќе ги добијат бесплатно ја започна покојниот претседател Уго Чавез во 2011 година. Актуелниот претседател Николас Мадуро го истакна ова дело на поранешниот претседател при предавањето на становите до граѓаните.
„Оваа голема мисија овозможи урбанистичко планирање и изградба на живеалишта од социјален и инклузивен карактер. Реализиравме изградбата на социјалистички градови кои се прилагодуваат на културната реалност и потреби на населението (…) Ќе продолжиме со ова темпо до постигнување на својата цел од 5 милион домови, врамени во ‘Планот за татковината 2019-2025 година’. Поставивме цел од 5 милиони домови, но мислам дека ќе има повеќе.“- Кажа Мадуро.
Од друга страна Мадуро го спореди напорот што го направи Венецуела да обезбеди пристојни живеалишта за граѓаните во однос на она што се случува во САД каде што како што кажа тој „30 милиони луѓе живеат на улица, заради тоа што немаат сопствен дом“.
Во текот на 2021 година се изградени 500 илјади станбени единици, судејќи по што сосема е извесно дека конечната цел од пет милиони станови, чиј рок на изградба требаше да биде 2025 година ќе биде исполнета пред крајниот рок.
Претседателот Мадуро објасни дека станбеното прашање во Венецуела е „де-модифицирано“ и претворено во „човеково право“, а потоа истакна дека наредна цел ќе биде обезбедување на целосно бесплатно здравство и образование.
Министерот за живеалишта и домување, Илдемаро Виљароел, изјави дека 171 илјади домови, што е еквивалентно на 34% од целта предвидена за 2022 година, се во напредна фаза на изградба. Додека на терен веќе се планирани 328 илјади домови како дел од почетокот на новите проекти.
Над дванаесет милиони граѓани на Венецуела ќе почуствуваат директен бенифит со остварувањето на оваа програма за домување.
La Gran Misión Vivienda Venezuela sigue garantizando hogares dignos a millones de familias en el país. Trabajamos sin descanso por la suprema felicidad social. Como expresó el Comandante Chávez: “¡El Vivir Viviendo!”. pic.twitter.com/z4u9MRcFfK
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) December 30, 2021