АктуелноЛокално

На денешен ден 1944 за прв пат прозвуче ,,Зборуе Радио Скопје”

На денешен ден 28 Снежник (Декември), се навршуваат 77 години откога во далечната 1944 година, во етерот, за првпат во ослободената татковина, Македонија се пренеле зборовите на првиот директор на Радио Скопје, Владо Малески – Тале на македонски јазик а првпат низ етерот прозвучи препознатливото „Зборуе Радио Скопје, зборуе Скопје”. Зборуе радио Скопје, беа првите зборови емитувани во македонскиот етер .. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија…” Во овој мини-серијал ќе го проследиме развојот на Македонското Радио (Радио Скопје).

No description available.
Владо Малески пред микрофонот на директниот пренос на Второто заседание на АСНОМ на 28 декември 1944 г



Оваа легендарна реченица изговорена од новинарот Владо Малески претставува почеток на Македонското радио. Во далечната 1944 година, на 28 декември Малески врши директен пренос од историското Второ заседание на АСНОМ и самиот станува дел од историјата.


Првите магнетофони со челична жица произведени од фирмата Вебстер, набавени во 1954 година во Радио Скопје

Со него почнува редовната програма на Радио Скопје. „На 28 декември, од денешната сала на републичкиот собор, првпат во историјата на овој народ пливнаа македонски зборови по воздушните бранови за на народот да му ја доловат сликата на заседанието на македонскиот парламент. Репотер бев јас. Не се сеќавам на ниту еден збор што го пратив во микрофонот, но сигурен сум дека реченото, секако наивно, невешто, неучно, беше откорнато од срцето.

Металниот диск за најавниот сигнал “А бре Македонче”, изум на техничарите и музичарите на Радио Скопје , 1945 година

Бев возбуден, нервите ми останаа нарожени за сето време на преносот, не заради фамозниот страв од микрофонот и не заради одговорната задача верно да ја претставам возбудата во собраниската сала. Возбудата идеше од сознанието за историскиот миг во кој се раѓаше Радио Скопје.“Така Малески го доживеал историскиот ден.

Старата зграда на Македонското радио

Во периодот исполнет со подем и ентузијазам, кога истовремено со изградбата на државата се градеше и радиото, новиот медиум станува препознатлив со легендарната песна „А бре Македонче“.

Гонгот којшто служел за означување на точно време