Гласав за недела – неработен ден, платените загари на СДС залудно шират лаги
Откако пратеничка на СДСМ обвини на прес-конференција дека Левица не го поддржала Законот за недела – неработен ден, се јави пратеникот Димитар Апасиев, кој на својот фејсбук-профил ја демантираше оваа вест.
Д Е М А Н Т
(*го молам присутниот џган, да не ме става в уста)
Не ја знам колегињицава-пратеничка со кружниве обетки, ама дај пренесете им на спинериве од СДС на Нашата Земја и на нивните платени загари, дека не ги личи да шират лаги на пресови, кои лесно можат да се проверат и побијат. Вчера, лично и персонално, своерачно и со зелен картон, во Собранието на Република Македонија – гласав ЗА носење на измените во Законот за работни односи, со кој се фиксира недела како неработен ден!
p.s. Сите „професионални“ медиуми и квази-новинарчиња кои ја пренесоа оваа фејк-вест, без никаква проверка, ред е да го објават демантов.