АктуелноЛокално

Левица се спротивставува на неуставните назначувања на вицепремиери

Според информациите кои протекоа во јавноста за детали од средбата Заев – Гаши, партијата Алтернатива за да се приклучи на власта, бара да ѝ припадне вицепремиерско место (или преименувано, заменик на Претседателот на Влада).

Функцијата Вицепремиер е неуставна и за истата Левица ја оспори пред Уставен суд тогаш дефинираната функција „потпретседател на Влада”, за која смета дека е директно мешање на извршната власт во прашања регулирани со Уставот.

Функцијата „Вицепремиер“ Уставниот суд ја прогласи за неуставна категорија и го укина членот 14, во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката“.

И покрај ваквата одлука на Уставниот суд, СДСМ, ДУИ и останатите политички партии продолжија со праксата да го прекршуваат Уставот, а кон ваквата пракса сега им се приклучуваат и од Алтернатива.

„Токму СДСМ во опозиција ветуваше намалување и реорганизирање на министерствата, со цел нивна рационализација – за од позиција на власт, поради коалиционите ветувања за прв премиер од редовите на ДУИ, да воведат нови излишни функции. Дополнително, платата на советниците на вицепремиерите е повеќе од две просечни плати. Левица минатата година ја оспори пред Уставен суд тогаш дефинираната функција „потпретседател на Влада”, која беше противуставна категорија и беше директно мешање на извршната власт во прашања регулирани со Уставот. Откако беше отворена постапка, Уставниот суд го укина членот 14, во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката“ – Стои во реакцијата на Секторот за Политички систем на Леваца.