АктуелноЛокално

Соработката на Хан со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

„Во 2016, СДС на нашата земја рече дека нема да учествува на избори. Од ЕУ рекоа избори без опозиција се недемократски. Во 2017, опозицијата во Албанија рече дека нема да учествува на избори, а Хан рече дека тоа е нормално и демократски.

Се случи нелегален избор на Јавен обвинител на РМ, се случи преквалификација на обвинение за Заев за случајот “Поткуп” за да се извадат снимките како бара мито од докази, се случи кршење на закони од потпишување до ратификација на Преспански, се случи вадење од притвор луѓе за да гласат за промена на име, а пред тоа и амнестија што личеше на се само на амнестија не, а Хан се си премолча. За потоа во 2019 да дојде да ни држи предавања за владеење на право и како никој не требало да биде амнестиран и дека секој требало да одговара.

Интересен е и ставот на СДС на нашата земја. Во време Грујово, Хан ја подржуваше власта, а од СДС го нарекуваа криминалец, споделуваа вести за негова поврзаност со корупција со казина и со казино во Гевгелија. После од коа дојдоа СДС на власт, Хан стана добар. Не е веќе мафијаш. Еве и сега ова не ги погодува или во најмала рака ќе релативизираат.

Влез во ЕУ не значи крај на корупција оти и самата ЕУ не е без корупција. Чудно е што треба да се повторува нешто очигледно ама и промена на име не значи крај на корупција.

Тоа што треба да се потенцира е дека ЕУ не е заедница на вредности, ниту пак рај во кој ако влезеш по автоматизам и тебе ќе ти биде рај.

Тоа е заедница базирана на интерес, а согласно тоа и на хипокризијата во зависност од тоа дали нешто им е во интерес или не. И најбитно, баш ги заболе за Македонија.“

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во општина Гевгелија.