АктуелноЛокално

Сопартијци од Алтернатива се спротивставија на Скендер Реџепи Зејд

Откако пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд, објави дека не се согласува со ставот на партијата за изгласување недоверба во Владата, само поради тоа што Левица учествува во истиот процес, неговите сопартијци се спротивставија на ваквиот став на пратеникот.

Неговите најблиски сопартијци од Алтернатива, кои работеа за него на парламентарните избори, односно луѓето кои му помогнале од изборната единица 1 да влезе во парламентот, упатија порака која се однесува, како што велат на пратеникот што се премислува.

Али Исмаили, кој е истакнат член на Алтернатива на чиј профил е објавена фотографија со пораката, пишува: “Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано”. Кој веднаш по објавата дека партиите се договориле да изгласаат недоверба во Владата, напиша “Се надевам на најдоброто. Неоопходна промена”.

Вчера за ТВ21 Реџепи напиша дека ако не може да ја убеди Алтернатива да не гласа за уривање на владата поради Левица ќе може да се повлече од пратеничката функција.