Уредникот на ТВ Шења: Како ќе се оправдате пред вашите активисти ако дозволите ДУИ да остане на власт?

Уредникот на ТВ Шења, Исмаил Синани, објави текст во кој ги поствува прашањата за кои членовите на Алтернатива треба да размислат пред да се одржи Централното собрание на партијата, каде треба да се донесе одлуката дали ќе гласаат ДУИ да оди во опозиција или ќе ја спасат нивната Влада со СДСМ.

Еве што праша Синани во текстот насловен „Неколку прашања за Алтернативата доколку не ја урне ДУИ!“

– „Како ќе можете да ги погледнете во лице вашите активисти ако дозволите ДУИ да остане на власт и со вас?

– Како ќе го прикриете срамот, затоа што шест години на гласачите им кажувате дека оваа партија е најголемото зло за Албанците?

– Како ќе ги погледнете во очи членовите на вашето семејство, кои пред две недели ги убедивте дека треба да гласаат за вас, со тоа што им кажавте дека сакате да ја отстраните ДУИ од политичката сцена?

– Како ќе можете да се оправдате пред оние кои овие шест години, додека сте на политичката сцена, ги доживеаја најтешките притисоци од ДУИ само за да ве поддржат вас?

– Како ќе можете да ги погледнете во лице младите момци и девојки кои биле исклучени од било кое натпреварување, затоа што биле само ваши блиски?

– Како ќе го оправдате криминалот и убиствата што се случија за владеењето на ДУИ, обвиненија преку кои собравте гласови?

– Како ќе им објасните на Албанците од Чаир кои ви дадоа 10 илјади гласови, велејќи им дека ДУИ е најлошата албанска партија?

– Како ќе го покриете тоа што токму во времето на оваа власт се случи најголемиот срам за Албанците во случајот „Монструм“?

– Како би го објасниле фактот дека токму под раководство на оваа партија се случи најголемата трагедија во тетовската болница?

– Како ќе го објасните фактот дека токму во времето на владеењето на ДУИ над 200 илјади млади луѓе беа протерани од своите домови?

– Како би ги убедиле луѓето да веруваат дека сте сериозна партија по оваа акција?

Има многу такви прашања… и списокот продолжува и продолжува, но едно е сигурно, вие веќе шест години повикувате на сосема други принципи. Мосни! Не правете грешка што нема да ви биде простена!

Затоа, утре пред седницата на Централното собрание нека сите членови нека помислат дека треба да имаат лице да се појават прво пред своите семејства, а потоа и пред другите. Тоа е тоа!“