АктуелноЛокално

Камиказа: Скопје е Венеција после секој дожд

По објавувањето на кандидатурата на Петар Георгиевски Камиказа дека е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од Левица беше дел од интервју на телевизија Сител, што практично беше еден од првите негови ТВ настапи во политичка улога.

Ситуацијата со Скопските улици, проблемот со фекалната канализација и атмосферската вода беа една од темите за кои тогаш Георгиевски потенцираше дека се приоритетни задачи за решавање на новата Градска власт. Тој смета дека нивното решавање е огромен проект чие спроведување е тесно врзано со средствата во Буџетот на Град Скопје.

Овие сите дупки во центарот на градот и секаде што виреат штом падне дожд во Скопје. Најдовме стручњаци со кои веќе разговараме да точно ги изневилираат улиците а не секој ден да бидеме Венеција. Значи небитно е кој бил претходен градоначалник и што правел, Скопје е Венеција после секој дожд. Едноставно големите проекти ќе дојдат кога ќе го имаме на располагање буџетот на Град Скопје, колку е останато и колку имаме шанси да спроведуваме проекти за решавање на приоритетните проблеми.

Овој проблем кој се влече со децении излегува на површина после секој дождлив ден во Скопје, Градот се уште нема градоначалник кој посветува внимание на суштинските проблеми.