АктуелноЛокално

Кираџиева: Финансиските средства собрани од наплаќање паркинг да бидат пренаменети за децата

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Весна Киреџиева учествуваше на телевизиската дебата организирана од А1on.mk. Во емисијата беа поканети кандидатите за градоначалници од 5 политички партии, но кандидатите од редовите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ТМОРО не се појавија на дебатата.

Во емисијата се зборуваше за узурпацијата на јавниот простор и за наплатата на паркинг во Општина Аеродром за што ставот на Кираџиева беше дека уличниот паркинг повторно ќе биде бесплатен на територијата на општината, а ќе се наплаќа само таму каде што жителите го бараат тоа.

Уличниот паркинг ќе биде бесплатен на оној дел кој што и претходно бил бесплатен, но сега се воведе наплата навистина од различни причини. Има делови кои што навистина се фрекфентни, како на пример Капитол мол, Бисер, околу тие поголеми трговски центри, каде што самите станари имаат барање, заради тоа што не можат своите возила да ги паркираат. Тука можеме да оставиме платен паркинг, привремено додека не најдеме решение. Но, со тоа решение ќе биде бесплатно паркирањето за станарите на Аеродром.“

Атлетичарката истакна дека оние средства собрани од наплаќање паркинг на територијата на Општина Аеродром мора да припаѓаат на аеродромци, и најави дека таа ќе се залага за овие средства пред се да бидат пренаменети за децата.

Платен паркинг ќе биде за оние кои не се од аеродром и она што сакаме да го постигнеме е оние пари кои моментално сега сите ги плакаат за паркинг, тоа да оди во Општината. Затоа што сега, моментално не оди во Општина Аеродром и тие пари фактички не се за нас, не се за Општината, не се за нашите граѓани. Овие пари потоа би ги инвестирале. На пример ако тие пари одат во нашата Општина, тогаш потоа ние ќе ги пренамениме за нова детска градинка или за деца со посебни потреби да им се помогне.“