Ристовски: Општествена грижа за лицата со посебни потреби
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Дарко Ристовски смета дека лицата со посебни потреби се заборавени од локалните институции.
Сведоци сме дека изминативе години лицата со посебни потреби не се приоритет во политиките на локалните власти, и оваа категорија на граѓани повторно е третирана само како бројка.
Тој потсети дека Левица како политичка партија секогаш застанува на страната на послабите, немоќните и обесправените. Хуманоста и еднаквиот третман за сите, се дел од неговите приоритети.
Ристовски најави неколку мерки за кои лично се ангажира и смеда дека ќе го олеснат животот на лицата со попреченост, тие вклучуваат:
- Ангажирање и вработување на асистенти, логопеди и дефектолози во градинките и основните училиште на територијата на Општина Карпош;
- Обезбедување на лица за придружба на децата кои посетуваат настава во основните училишта и обезбедување други бенефиции за родителите кои имаат деца со попреченост;
- Програми за вработување на лицата со попреченост во Општина Карпош на погодни работни позиции;
- Изградба на инклузивни игралишта низ целата општина.