Учи ме даскале судија да ти бидам

Пишува: Јордан Пенчов – член на Црвена Младина – ЛО Штип

Три децении! Три децении се води војна на територијата на Македонија! Од една страна корпоративните ДПМНЕ, СДС, ДУИ, а од друга страна просветните работници. Борците од најсветата професија, повторно се крваво понижени!

Со договори зад затворени врати, им се крои судбината не само на просветните работници, учители, негувателки туку ни се крои судбината на сите нас! Се крои судбината на нашите деца, на нашата иднина!

Со срамни, минимални „покачувања“ на примањата на просветните работници оваа власт уште еднаш покажа дека приоритет им е тотално ништење на образованието, еден од столбовите којшто треба да биде најцврст за да функционира една држава.

За понижувањето да биде поголемо кога со изговор дека ќе се зголеми инфлацијата доколку се зголемат платите на нашите учители се најавува енормно зголемување на платите на судиите!

Дали на оваа власт на СДС и ДУИ, а зад која подмолно се крие и ДПМНЕ, индиректно ги подмитуваат они кои во иднина ќе им судат за сите злодела и неправдини извршени врз народот?

Левица преку својата програма нуди решение со зголемување на образовниот буџет, ќе се зголемат платите на просветните работници, со тоа ќе се зголеми задоволството на истите, но и квалитетот на образованието!

Како член на партијата на работниците, фармерите, докторите, учителите! Како член на партијата на народот, повикувам да се задоволат барањата на просветните работници! Да се скратат непродуктивните трошоци, партиски, доделените тендери, а парите да бидат пренаменети за јакнење на образованието!