(Видео) Исмаил: Дали директорот на Паркови и Зеленило има десет советници и заменици во својот кабинет?

На вчерашната Седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања од страна на Советникот од Левца Реџеп Исмаил (Хактан) беше воочен пред јавноста проблемот со непотребното претрупување кадри на менаџерски позиции во јавните претпријатија и Град Скопје, кои зимаат огромни плати, додека работниците кои ја вршат работата на терен за мизерни плати се се помалку и помалку.

Прашањето на Советникот конкретно беше насочено до директорот на ЈП Паркови и зеленило, за каде се сомнева дека има вработено дури десет советници и заменици во својот кабинет.

Колку заменици и советници има директорот на ова јавно претпријатие? – Или да бидам по директен: Дали е точно дека директорот на ЈП Паркови и Зеленило има дури десет советници и заменици во својот кабинет? – Праша советникот од Левица, Реџеп Исмаил.