АктуелноЛокално

Филмот “ТРИ” на Мартин, Петар и Иван од Прилеп освои три награди

На филмскиот фестивал на аматерски филмови, одржан во театарот “Антон Панов” во Струмица, филмската екипа од Прилеп собра неколку награди.

Краткометражниот филм „Три“ на овој фестивал доби три награди. Тие беа победници неколку категориите. Наградата за режија му припадна на Мартин Пресилски. Прва награда за камера ја доби Петар Кироваков, а ова беше дополнето со првата награда за авторска музика на Иван Јованоски.

Режисерот на филмот најави дека нивниот филм оди на меѓународна сцена. Следната дестинација е престижниот филмски фестивал UNICA кој ќе се одржи наредната година во Локарно, Швајцарија. На својот Фејсбук профил тој напиша:

Со чисто срце, креативна екипа и многу позитивна енергија до нови моменти признанија и награди ! – Нашиот краткометражен филм “ТРИ” ги освои првите три награди на државниот филмски фестивал на Македонија. Прва награда за камера на Петар Кироваков Прва награда за авторска музика на Иван Annunakey Јованоски со што патот на делото продолжува на меѓународно ниво нa престижниот филмски фестивал UNICA, кој ќе се одржи наредната година во Локарно, Швајцарија. За успехот и енергијата исто така се заслужни Благоја Чаески кој го дизајнираше филмскиот постер и Бојан Трајкоски кој е асистент на монтажа. Вчера, денес… утре “ТРИ”.