АктуелноСтав

Како од прекумерно користење на сила (полициска бруталност) до напад на службено лице!!!

Пред три години, на протестите против промената на уставното име од страна на полицијата беа уапсени културните уметници Дарко и Жарко Масларковски. Денес тие се активисти на Левица, Дарко е носител на советничката листа во Општина Аеродром, а Жарко е кандидат на советничката листа на Град Скопје.

Неоснованото обвинение против нив веќе три години се чува во фиока, рочиштата неколкупати им се откажувани а судењето е закажано на само ден после првиот круг на изборите.

Заради овa, тие објавија заеднички текст на социјалните мрежи во кој ја опишуваат голготата преживеана на денешен ден пред три години:

„На ден 11.01.2019 година, дента кога предавниците, кои има да одговараат пред народен суд, го продадоа светото име Македонија, бевме со братот на протестот и стоевме на нашата позиција кај Аверс. Јас лично неколку дена бев тамо, викав Македонија додека ме држеше грлото, ги бранев полицајците кои ги маваа со снег, ги пцуеа и омаловажуваа. Ги бранев бидејќи тие сиротињи облечени како паравојска со различни униформи Челзи/Јунајтед зимски капи, кој во кондури, кој во патики, кој во чизми ѕнѕаа во ладното додека го браневме името. Многу пати и капијата од плаво белата ограда лично ја тргнав додека полицискиот службеник имаше фатено кривина за некој од нивните колеги да влезе или излезе.

Откако ги изгласаа срамните промени на Уставот, планот ни беше да преноќиме пред собрание таа ладна ноќ, со музика и гласно викање, бидејќи очекувавме да ни се приклучат многу огорчени Македонци. Тргнавме да земеме јадење и пиење, кога една дипломатска кола сакаше да помине низ триумфална кон плоштад. Вие нас вака ние вас така им реков и продолжив да се движам по улицата. Тргни се бе ми свика едниот од двајцата дипломати на покварен турско/албаански македонски. Му реков дека ова е сè уште слободна земја и дека денес нема да помине од тука. Отиде едниот и повика полициски службеник кој ми рече да се тргнам на што јас му одговорив дека се шетам на јавна површина во мојот роден град. Полицискиот службеник се зададе да ме мкне и тегне и ме извлече на страна и така дипломатите си поминаа.

Веднаш се преставив Жарко Масларковски АСНОМ 8 влез први стан 17, а вие сте број на значка и име и презиме ве молам? Истото се повтори уште три пати, а полицискиот службеник се одалечуваше (бегаше) без да се легитимира иако физички ме нападна. Влезе во колата, а јас се доближува очекувајќи да ми каже кој е и зошто ме влечеше. Како што ја затвараше вратата му останаа уште 5 цм до целосно затварање се лизнав на кашавицата и се допрев до колата Во тој момент ми нарипаа неколку полицајци во цивил на кој во паника на англиски почнав да им викам ај донт ризист арест,ај донт ризист арест!!! (Сè уште имам проблем со тетивата на десната рака бидејќи сум тежок и неочекувано паднав на неа кога ми нарипаа.) Дај ги рацете ми викна еден откако ме легнаа на грбот. Им ги дадов рацете и додека ми ставаше лисици полицискиот службеник ми удри лакт во лицето.

Ме станаа и почнаа да ме носат кон комбето/џипчето. Во тоа време така сакало да биде мојот брат почнал лајв да снима видео каде се обраќа за ситуацијата во која не спотераа криминалистичките предавници. Уште кога одев по џандарот што ме влечеше за да ми се легитимира, го повикав брат ми да дојде и му реков дојди овој ме мкнеше во мојот роден град. (Видеото од настанот ќе ви го прикачам во коментари).

Брат ми ги прашуваше за што ме апсат и каде ќе ме носат, но тие не одговараа. Не знам дали сте свесни за близначката љубов и поврзаност ама лично мислам дека е најсилното нешто на светот, ние сме две од едно. Така си ги продадовме рацете и се фативме силно, што и џандарите кој пробаа да не разделат не успеваат иако тогаш почнаа да маваат по мене и братот и да ни ги тргнат рацете и кршат прстите. Близначката љубов не им дозволи да не разделат (и ова е снимено од други луѓе сведоци ако го најдам видеото ќе го закачам во коментари). Не возеа до Беко а во комбето јас му раскажав на брат ми што доведе до оваа ситуација. Влеговме во Беко и не сместија во приемното. Дремевме и викавме Македонија се додека не дојде началникот кои почна да ги тера процедурите. Брат ми стана и му вика: епа бидејќи никој не ми прочита права и не ми кажа зошто сум тука јас си одам, стана, а началникот му кажа да седне дека е уапсен за неовластено снимање и му го одзема телефонот.

Дремевме додека тој пополнување некакви формулари, а во полициската станица се случуваше средношколска атмосфера, младите полицајци и полицајки се закачкаат, се смешкаат, се шмекаат, стигнаа некакви сендвичи кој ја напунија полициската станица со мирис на бургери. Началникот излезе а еден пандур со грдо лице почна да пали и гаси светло и да пушта животински звуци. Со брат ми се насмеа ме и му рековме дека не сме мали деца и дека не се плашиме. Побарав вода и ја добив кога дојдоа адвокатите. После претресот не пикнаа во Марица, со нас позади се возеше плашачот кој ни рече дека сме се занесувале дека само ние сме патриоти и дека и тој е и ни покажа тетоважа од кутлешот на подлактицата од внатрешна страна. Брат ми му прибележа дека наместо да не вози во притвор да го сврти комбето кон собрание за заеднички да ја браниме Македонија.

Не однесоа во пролече долу во келиите кои беа реновирани и урлаше на свежа боја. По некое време се симна еден полицаец и не праша дали ни треба нешто. Му кажавме дека ни се пуши и тој од мајка роден ни дозволи еден по еден да испуштиме по една цигара кај вецињата. Лежевме во занданата и муабетевме братски за тоа како ова личи на некој лош кошмар. Како ќе заспиеме му викам на братот додека тој одлета кон соништата, може да заспие и на камен.

Ова е единствената вистина за што се случи на таа кобна за нас и Македонија ноќ, денот кога не предадоа за рака жолтици и лажна надеж. Погледнете го сега обвинението монтирано, излага дека јас и братот сме Супермен и Бетмен и дека со лисици на рацете сме претепале едно 8/9 полицајци? Морам да напоменам дека во сите интеракции со полицијата, од промената на името па навака, немаме навредено или опцуено, а не пак нападнато и повредено полицајци. Таа е наша полиција иако од 2015/6 е поделена самата на сдс полиција, дпне полиција, ДУИ полиција, ААА полиција и една се надевам чесна и напристрасна професионална полиција која мора да служи, штити и го брани народот.

Лудилото мора да престане, нашата борба е чиста и правична, борба за Македонија и нашето право да се преживее во скапаниов систем.

Изгледа им пречи или се уплашени од нашата политичка активација, па пробуваат да ни направат притисок, да потклекнеме и свиткаме кичма, но се крстат во погрешна црква!!!

Нема назад, нема предавање и нема повлекување!!!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!