АктуелноЛокално

Јанков: Историчар и правник не можат да решаваат урбанистички и еколошки прашања

На дебатната емисија Само вистина на Канал 5 телевизија вчера учествуваа кандидатите за градоначалници од владејачките партии. Актуелните теми за кои се дебатираше беа урбанистичките проблеми и еколошките прашања. Имено двајцата кандидати на оваа дебата во нивната професионална сфера немаат никаков однос кон овие прашања, односно по образование едниот е историчар а другиот правник.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Андреа Јанков, кој по образование е архитект а со еко-активизам се бави долги години наназад, смета дека е срамно во вакви дебати да не бидат претставени кандидатите кои се специјалисти од оваа област. Тој вели дека овој концепт служи за креирање на јавно кое оди само во прилог на големите партии но не и на граѓаните. На својот Фејсбук профил тој напиша:

Класичен пример како медиуми влијаат на јавно мислење на Само вистина на Канал 5. Викаш двајца кандидати на партии кои ти пунат џеб, историчар и правник (претпоставувам) и им даваш да зборуваат за урбанистички и еколошки прашања. За тоа време, друг кандидат кој е архитект и еко-активист, од партија која очигледно не ви е по кеиф, не го каните, па е приморан да слуша тропање на ТВ. Не е фрка, ќе се видиме на Телма, 24 и МТВ.