(Видео) Самохрана мајка носител на советничка листа од Левица

Во првата недела од изборната кампања Левица одлучи преку видеа за животните приказни на неколку кандидати за советници да ги претстават луѓето кои се наоѓаат на нивните листи. Овој блок промотивни видеа на партијата е наречен: Кои се ВИСТИНСКИТЕ ХЕРОИ на нашето време?

Досега е промовирано едно заедничко видео во кое можат да се видат неколку кандидати од нивните советнички листи и индивидуални видеа од кандидатите кои работат како земјоделци и текстилни работници.

Денес беше промовирано видеото во кое главен херој е Виолета Аврамовска, самохрана мајка, која е носител на советничката листа во Охрид. Во видеото Виолета ја претставува својата животна приказна како самохрана мајка и се чини дека ова видео буди најмногу емоции кај гласачите.

Во прилог можете да го погледнете ова видео.