АктуелноЛокално

Реџеп Исмаил: „Не биди бројка“ ?!

Статус на Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиум на Левица и носител на советничката листа во Град Скопје.

Верувале или не, токму ова е слоганот со кој Владината ПР служба (бивши НГО-аши) се обидува да го оправда пописот како „статистичка операција“.

Но убаво погледајте го прилогот – на терен се пуштени орди каде се води една бескурпулозна борба за што поголема бројка на племето. Зошто? Па едноставно, поради рамковниот договор.

“Чекај чекај, па тоа беше против албанците, ти си албанофоб! Не, ние да, сме ЗА вработување на стручни и компентентни лица ама НЕ сме против Рамковниот договор, не сме албанофоби, вие сте националисти” – говорат прогресивците.

Тотална шизофренија, симулакрум со таков евтин и неинтелигентно смислен политички јазик кој се обидува да направи лагите да звучат вистиниото, убаво па дури и достојно за почит, и преку сето тоа, да му се даде цврстина на ветрот во магла. “Одозгора на тога” па и главниот протагонист-изведувач, Г.Г. Атанас, севезден повторува „не ме интересира политика“.

Дечки, при ваков систем, каде селекцијата при вработување, поддршката на политики, поделбата на власта, квотите во школите и слично, се делат и определуваат според бројката на „твоето“ племе, такво нешто како „држење на страна од политиката“ не постои. Сите прашања се политички прашања, а самата ваша политика е еден куп лаги, извртувања, изопаченост и шизофренија.

Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила – по се изгледа дека единствено малцинство е лудакот како еден засебен свој човек.