Јанчев: Лага и обично заплашување е заканата дека ќе ве казнат доколку одбиете да бидете попишани
Статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица и модератор на ЛО Гевгелија
Добивам инфо од луѓе дека попишувачите се закануваат дека ако не ги пуштите наредно ќе ви дојдат со налог за да влезат кај вас и со полиција.
Ова е лага и обично заплашување! Повторувам. Ова е лага и обично заплашување!
За да ви влезе полиција дома мора судска одлука и таа се дава исклучиво кога е во прашање откривање кривично дело или поради заштита на здравјето на луѓето.
Одбивање да се попишете не е кривично дело, а пописов баш напротив го загрозува јавното здравје.
Не постои судија кој ќе издаде налог на полиција да ви влезе дома за да ве попишат. Значи НЕ ПОСТОИ!
Апостол инквизиторот и неговите попишувачи агенти се во паника оти има уште 5 дена за попис а они имаат попишано околу милион и триста граѓани сосе податоци од бази, дијаспори и триста ујдурми. Се наоѓаат пред фијаско.
Не се плашете.
Во прилог член 26 од Уставот:
Член 26
Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.