(Видео) Зеленилото на улицата „Васко Карангелевски” под директен удар – Ќе се сечат дрвјата при проширување на улицата
Левица за ова опоменуваше уште пред два месеци, но нашите опомени, како и загриженоста на народот не вродија со плод. Очиледно зачувување на зеленилото не е приоритет пред бетонирање на градот и нашата општина во сценаријата на властите од СДСМ.
Денес (22.09), членови на Левица, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Весна Кираџиева и носителот на советничка листа Дарко Масларковски се приклучиме кон мирниот собир на оваа улица, во знак на протест, со цел и во обид да го спречиме уништувањето на зеленилото и сечата на дрвјата, а присутни беа и претставници на другите политички алтернативи, заедно со организаторите на овој протестен граѓански собир.