АктуелноЛокално

Лицемерието на раководството на Кромберг и Шуберт!

Фејсбук статус на Николче Митревски, член на Левица – ЛО Битола.

„Иако лично лебот заработен со крвава пот го вадам под ”нивна” директива, не можам поќе да останам рамнодушен на неправдата!

Ова ќе биди и тест и проверка на слободата на говор и демократијата на Републиката.

Прашањето до мојата компанија или така наречена ”KROCHU FAMILY” е: ЗОШТО НИЕ вработените бевме изманипулирани, а и сеуште сме во врска со укинувањето на бонусите во фабриката, иако според укажаното тоа требаше да биди само додека трае светската ПАНДЕМИЈА, но веќе месеци наназад пандемијата е веќе ЕПИДЕМИЈА, дали раководството е запознаено со тоа?

Главна причина за укинувањето на бонусот беше во тоа што компанијата наводно трпела загуби, иако официјалните податоците укажаа на тоа дека е во топ 5 најпрофитабилни фабрики во државата. Зошто кога веќе е во ”загуба” компанијата спонзорира опрема во битолската болница (за која нема информации што точно се случило со парите од нашата пот), зошто фабриката кога е во загуба печати книги за промоција, зошто доделува наградна лотарија, зошто спонзорира музички настани, зошто е спонзор во ”ТРЧАЈ БЕ”?

Исто е и дел на уште многубројни СПОНЗОРСТВА за кој не се ниту прашани, ниту известени работниците, за апсурдот да биде уште поголем, додека раководството се чука во гради со донации, работничката плата е намалена за речиси 120-30€!

Да се/ги потсетиме дека бројката на вработени што поминала низ Кромберг изнесува 15,000, тогаш тоа јасно укажува за каков непрофесионализам кај раководството станува збор, и капак на се тоа, СЕРИОЗНА компанија да излегува со вакви пароли е во секој случај ПОРАЗИТЕЛНО, енергијата за просперитетна и продуктивна фабрика МОРА да се насочи исклучиво кон работникот, а не со вакви смешни и кловновски излегвања во јавност!

РАБОТНИКОТ ЗАБОРАВЕН И НЕБИТЕН, ИАКО НАЈДОБРА РЕКЛАМА Е САМИОТ РАБОТНИК!

КА ТА СТРО ФА!

Дел од паролите:

– Трчај бе, за да пријавиш најуба хеланка во Кромберг.

– Трчај бе, за да не го љуфниш трачот на пауза.“