Универзитетскиот професор Златко Арсов кандидат на Левица за градоначалник на Општина Велес
Универзитетскиот професор Златко Арсов кој предава на група тутунски предмети на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е кандидат на Левица за градоначалник на Општина Велес.
Златко Арсов на општествено ниво, сака да покаже дека оваа, навидум безизлезна ситуација во која се наоѓаме благодарение на минатата и сегашната владејачка гарнитура, не е непроменлива. На локално ниво сака да обезбеди просперитет за родниот град Велес, каде и живее со сопругата и синот. Неговата борба е насочена кон: праведност, чесност, создавање на простор за хумано и здраво живеење, активности за развој на потенцијалот на децата и младите, енергетска одржливост, чистење на почвата, водите и воздухот од енормното загадување, унапредување на земјоделскиот сектор.
Неговите главни цели се насочени кон уредување на просторот за хумано и здраво живеење – активности за развој на потенцијалот на децата и младите, енергетска одржливост, чистење на почвата, водите и воздухот од енормното загадување, решавање на проблемот со паркинг простор, санација на инфраструктурата, унапредување на земјоделскиот сектор…
Златко Арсов ја избрал Левица, бидејќи, неговите погледи, со погледите на луѓето од партијата, се совпаѓаат значително. Левица, преку своето делување и идеологијата, ги исполнува неговите определувања за праведност, рамноправност, за унапредување на изгубените права на работничката класа и земјоделското население, за спречување на деградацијата на интелектуалната елита.
Професорот смета дека Левица е долгоочекувана и клучна појава во нашето општество, која има потенцијал да го запре и промени трагичниот тек на настани кои се случуваат во последните 15-20 години. Според него, Левица е единствена партија која умее да се бори, да биде истрајна под притисок и да остане непоткуплива. Тоа се вредности кои тој ги цени и за кои самиот се залага.