Камиказа го освои првото место на роденденската трка на Коранерс
Денес беше одржана роденденската трка на здружението на KoRЯunners. Здружението е оформено поради заедничка групна цел за да го задржи здравиот начин на живот, со заедничка мотивација и инспирација на секоја индивидуа, а со цел заедничко градење на успешните резултати во трчањето и останати спортски активности. Победник на трката беше басистот на Меморија, Петар Георгиевски – Камиказа, кој настапи како независен кандидат за градоначалник на град Скопје, поддржан од Левица.
„Сите по своите гласачи,јас по моите. Прекрасно утро, исполнето со убава енергија и прекрасни луѓе. KoRЯunners среќен роденден и честитки за одличната организација на денешната трка. И да, конечно на кеј WC-a.
P.S. Дел од градоначалничката програма остварена” – објави на својот профил Петар Георгиевски – Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од Левица, кој го освои првото место на трката.