(ВИДЕО) Битолската болница убиец на млади деца: Сведоштво на сестрата на младиот ресенчанец кој почина од Ковид-19
Сестрата на младото момче од Ресен коешто почина поради компликации од Ковид-19 објави морничави снимки коишто ја покажуваат реалната слика за битолската болница.
Според Министеството за здравство момчето коешто почина на 27 август потпишало дека на своја одговорност ја напушта болницата.
Изјавија дека брат ми си замина од болницата самоволно затоа што брат ми не беше во болница туку подобро е во затворот Идризово од оваа болница.
Еве каква интензивна соба имаше брат ми. Затоа ја напушти самоволно, потпиша дека знаеше ќе го земат на душа и му дадоа контра терапија, плазма крв и не му направија контрола никаква – пишува сестрата на починатиот.
Се е лага, не го ни видоа дека починал, ниту се јавија на фамилијата дека е починат, ниту го реанимирале, се лажат од волницата во Битола, не беше од корона брат ми. Болницат Битола е убиец на млади деца. Ве молам да го поделите видеото и да се чуваат младите дека ги затвораат со клуч и не ги гледаат, вели сестрата на починатото момче.