По претставката поднесена од Левица поништено е звањето „Доцент“ на Марјан Кицев
По претставката поднесена од Левица, направениот увид при инспекцискиот надзор и доставената документација од страна на Универзитетот „констатирана е неправилност при изборот на д-р Марјан Кицев во наставно научно звање доцент“.
Претседателот на Македонски полициски синдикат и близок човек на министерот Оливер Спасовски, повеќе нема да го поседува звањето „доцент“ на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. – соопшти Димитар Апасиев на социјалните мрежи. На својот фејсбук профил тој напиша:
ПОНИШТЕНО ЗВАЊЕТО „ДОЦЕНТ“ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ – МАРЈАН КИЦЕВ
По претставка на Левица, Државниот просветен инспекторат утврдил неправилности и незаконитости при изборот на д-р Марјан Кицев, актуелен претседател на Македонски полициски синдикат и близок човек на министерот Оливер Спасовски, во наставно-научното звање „доцент“ на еден приватен универзитет!
ДПИ утврдил прекршување на чл. 174, ст. 1 и чл. 182, ст. 1 од важечкиот Закон за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 82/2018) и донел управен акт, т.е. Решение за изрекување инспекциска мерка – по што, Наставно-научниот совет на Правниот факултет на МСУ „Державин“ донел Одлука за укинување на наставно-научното звање на пријавениот.