ДПМНЕ е колаборатор во пописот за отпис на македонската нацијa
Пред само неколку дена раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да коалицира со партиите од албанскиот блок Алијанса и Алтернатива. По објавувањето на оваа одлуката за коалиција, која нивниот лидер Мицкоски ја нарече „историски чекор“, започна нов „бран“ на повикување за попис на населението од страна раководството на партијата.
Поранешниот Министер за транспорт и врски Владо Мисајловски иако смета дека пописот ќе биде „големо фијаско“, сепак го повикува членството на партијата да се попише. Вчера во интервју за МРТ изјави:
„Како што поминува времето, за неколку дена што се вели треба да почне пописот, државата не е спремна и мислам дека вака, лично мое мислење е дека можеби овој попис ќе биде едно големо фијаско.“
Ваквите реакции наидоа на остра критика од страна на народната иницијатива „Не отворам врата“ тие излегоа со своја реакција:
„ДПМНЕ Е КОЛАБОРАТОР ВО ПОПИСОТ ЗА ОТПИС НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!!
Како и за сите процеси кои досега се спроведоа во негирањето на македонскиот идентитет, така и во шверцерскиот попис ДПМНЕ е ДИРЕКТЕН УЧЕСНИК!
Учество на попис донесен со шверцерски закон во Собрание по директива на ДУИ е ПОПИС ЗА ОТПИС!
Учество на попис каде предводник е целата параструктура на ДУИ во дијаспора е ПОПИС ЗА ОТПИС!
Учество на попис каде главната кампања ја водат Груби-Курти-Рама е ПОПИС ЗА ОТПИС!
Учество на попис каде Методологијата се донесе зад затворени врати меѓу СДС и ДУИ, наместо во Собранието како највисок законодавен дом, е ПОПИС ЗА ОТПИС!
Ако ДПМНЕ нема капацитет и волја да го заштити македонскиот идентитет во услови кога е нападнат од внатрешни и надворешни непријатели, тогаш нека се самораспушти – а не да го забрзува процесот на федерализација на Македонија.
Лажни патриоти се полоши од отворени предавници!
Не отварам Врата“