Локално

ЛДП е главен соучесник на Власта во аферата за “Личните карти”

Помошникот министер за информатика и телекомуникации во МВР Марјан Здравковски е човекот кој има директни ингеренции во смената на софтверот од системот за издавање на лични карти што предизвика пекол за десетици илјади граѓани чии лични документи се исечени и не можат да ги сменат.

Здравковски е главниот функционер во МВР кој покрај министерот Спасовски како политичка фигура сносни директна одговорност за штетата и стресот нанесен врз 40 илјади граѓани кои сега без лична карта мака мачат да докажуваат личен идентитет и да лутаат низ лавиринтите на македонската администрација.

Здравковски кој би требало да е професионалец има многу фотографии со највисоките функционери на СДСМ а за неговите активности како помошник министер редовно известува Либерално – Демократската партија иако тој поради законските претпоставки не би требало да е партиски член или активист.

Доколку се докаже дека тој свесно наложил или лично го сменил кодот на образецот за промена на личните карти спротивно на законот или без законска основа на Здравковски му се заканува и затворска казна.

Здравковски работел на повеќе позиции во МВР а работел и во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Доколку помошникот министер работел на своја рака слично на екс генсекот на Владата Драги Рашковски кој набавуваше софтвер без никој да му го нарача, ќе одговара за преземање активности без никој од него тоа да го побара а доколку има наредба од повисока инстанца може да одговара затоа што не одбил да изврши наредба која не е во согласност со законот.

Ивзор: https://www.expres.mk/