АктуелноЛокално

Левица: Дали со општински пари СДСМ ќе ја води предизборната кампања во Карпош?


„Општина Карпош и покрај тоа што е третата најзадолжена општина во Република Македонија продолжува со низата скандалозни договори. Последен во низата е оној чиј предмет е „Изнајмување на техничка опрема и техничка поддршка за озвучување на настани, изнајмување на бина, осветлување и подвижна алуминиумска рампа“. Овој договор е склучен на 12 јули помеѓу Стефан Богоев како Градоначалник на Општина Карпош и Кристијан Младеновски, одговорно лице во „К ЕНД Д АУДИО ДООЕЛ“.

Вредноста на договорот од 600.000 денари е спорна сама по себе, но скандалозноста лежи во фактот што ова е втор ваков договор што Општина Карпош и Стефан Богоев го потишале оваа година. Идентичен договор е склучен и на 18 февруари и тоа со фирмата „САТО-САУНД Томислав ДООЕЛ“ од Скопје.

Ова само по себе го наметнува прашањето зошто Општина Карпош склучила два идентични договори и многу поважно од тоа, дали со општински пари СДСМ ќе ја води кампањата за претстојните локални избори во Општина Карпош?” – се наведува во реакцијата на Локалниот огранок на Левица од Карпош.