Мојсоска – Како би му било јасно на Заев кога ни оддалеку не ја помирисал реата и сепсата на државното здравство?

Статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица.

Премиерот Заев изјави дека условите во државни и приватни клиники се потполно исти и не му е јасно зошто граѓаните одат да се лечат приватно. А, како би му било јасно, кога од неговата шупачко-привилегирана позиција ни оддалеку на ја помирисал реата и сепсата на државните клиники?

Во држава која нема (!) функционален кома-центар; во држава каде за тешки операции мора да патуваш до метрополата затоа што локалните болници со оскудни ресурси одвај функционираат; затоа што ресурсите за државното здравство се пренасочуваат за фотелји од телешка кожа; затоа што сами граѓаните набавуваат основни лекарства за пациенти; затоа што полесно ќе дојдеш до гробно место отколку до кревет на државна болница; затоа што платата на рамковни што седат дома е повисока од платата на здравствените работници; затоа што има повеќе мерцедеси за службени патувања на бирократите од возила за брза помош – затоа граѓаните одбираат да влезат во должничко ропство за лечење на приватни клиники.

Но, како би знаел Заев – кога децата на политичарите одбираат да живеат на приватно, наместо да умираат како глувци зафрлени во мувла на државно.