Јанчев: Во Македонија не постои поделба на власта
Статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица и модератор на ЛО Гевгелија
„Во 18 век Монтескје предложува поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Зошто?
Оти државата е најмоќна организација во општеството. Голема моќ природно води кон злоупотреба на истата преку ограничување на човековите права. Затоа Монтескје вика ќе ја поделиме власта на три дела така што ако една се обиде да гази врз правата на граѓаните (како што на пример сега прават со слободата на движење за невакцинирани) другата да ја закочи. И ова начело на поделба на власта е прифатено како основно во организацијата на секоја демократска држава.
И еве ти ги прогресивните и бањати СДС на Нашата земја и прогресивниот министер Оливер Спасовски, во 21 век (270 години подоцна) не враќаат во 18 век и ги спојуваат законодавната и извршната власт во едно.
Нема шо законодавна власт да носи закон за лични карти. Оли и Владата ќе одлучат дали ќе има нови лични карти и они и ќе ја извршат одлуката. Они се и Собрание и Влада.
Добредојдовте во 18 век.“