Библиотека

На денешен ден САД започна со напад со хемиско оружје врз Виетнам

На 10 август 1961 година, САД започнa со акцијата „Agent Orange”, каде голема количина хемиско оружје беше фрлено врз Виетнам, со што плодно земјиште и шума со големина над три милиони хектари беше тешко девастирано, при што последиците се чувствуваат и ден денес.


Во неуспешниот обид да се победи револуционерниот Виет Конг, американската влада и војската одлучија, преку оваа акција, да ги уништат скривалиштата во виетнамските џунгли и да ги уништат нивните прехранбени култури. Иако САД тврди дека за долгорочните последици врз виетнамското население немло информации тогаш, научниците и владините функционери беа запознаени и свесни за катастрофалните ефекти што опасната хемикалија ќе ги предизвика -како индиректно, преку уништување на земјоделските економии и производството на храна, така и директно, преку директна изложеност.

Денес населението во нападнатите региони бележи високи стапки на рак, вродени дефекти и краток животен век. Оваа годишнина е особено релевантна за денешната глобална политичка клима, бидејќи служи како доказ дека САД се децении опасност за мирот во светот.

Хауард Зин, американски историчар и социјалист, во 1968 ја напиша првата книга во која повикуваше на итно и безусловно повлекување на САД од Виетнам. Еве како тој ја коментира „националната безбедност“ која тогаш беше еден од изговорите на САД за агресијата врз Виетнам: 

“Што е националната безбедност? Администрацијата на САД ја дефинира националната безбедност како праќање на нашите млади мажи и жени насекаде низ светот да водат војни врз земја после земја – никоја од нив доволно силна да ни се спротивстави. Јас ја дефинирам националната безбедност како обезбедување на здравствена заштита, вработување и пристојно живеалиште и чиста околина за секој Американец. Ја дефинирам националната безбедност како грижа за луѓето кои ги губат работните места, како грижа за нашите старци и за нашите деца.”