Локално

Мојсоска: Републиката ќе постои додека постои овој народ

Статус на Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица



,Историјата на македонскиот народ е испреплетена со ропства, страдања, мачења предавства и бројни жртви, пред разноразните окупатори кои се менувале, заедно со нивните локални квислинзи. Но, сепак, македонскиот дух, дури и пред најмонструозните злодела, не успеал да биде скршен и иако многу пати бил поробуван, македонскиот народ никогаш НЕ БИЛ ПОКОРЕН.

Македонија денес ги живее најмрачните времиња во современата историја, предводена од новокомпонираните социјалдемократски фашисти, кои насилнички, диктаторски и без никакво чувство за грижа на совест, ги бришат идеалите и вредностите за кои крвареле генерации Македонци и Македонки.

Верувам дека и овие времиња ќе бидат надминати и победени и македонскиот народ повторно ќе испишува горда историја на национално достоинство и слобода од прангите на модерниот фашизам, олицетворен преку булдожер-дипломатија на новите експлоататори. Само народ без колективна меморија за својата историја, без чувство на гордост за своето национално достоинство, може да биде аморфна маса пред угнетувачите што му ги грабат водата, земјата, фабриките, рудите, шумите и целокупното национално богатство.

Како што вели самиот Манифест на АСНОМ: ,,Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваа твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше БОРБАТА. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.”

Во продолжение, како архива на едно предавство, делот од Манифестот на АСНОМ, кој фашистичка СДС го избриша од Уставот. Преседан и брутална експресија на национал-шовинизам, преку мешање на странска држава во конститутивните елементи на друга држава. Затоа, ништо друго, освен укинување на Преспански договор, е единствен почеток во поривот за зачувување на АСНОМ-ските идеали и жртвите за слободна Македонија.,,


,,Македонци под Бугарија и Грција,
Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи.

Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.”