(Видео) Апасиев: Амандаманите на Алијанса се технички 10 пати понеуредни од нашите, а пола година го блокираат Собранието
Власта денес не успеа во намерата да го прошверцува Законот за лични карти. Пратениците на Левица, поддржани од останатите пратеници на опозицијата, издејствуваа Комисијата да биде одложена за во понеделник. Претходно на координација ќе се дознае што било причина за нивното отфрлање. По прекинувањето на Комисијата, пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев на прес-конференција се обрати до новинарите:
„Значи настанат е проблем, веројатно вештачки после година дена од конституирањето на парламентот. Претседателот на Собранието одбива беројатно, да прима поднесоци со С. Македонија и најверојатно тоа е причината, бидеќи во известувањето кое ни се дава, само се известува дека амандманите се неуредни, без да се наведе причината.
Е сега, бидеќи ситуацијата стана тензична, затоа што ова е воспоставена пракса а деловнички не е регулирана, нашето барање како опозиција беше да се одложи Комисијата за законот за лични карти, Комисијата за политички систем до понеделник, до после координацијата која што согласност деловникот треба да се дефинира воедначена пракса во иднина, и ние како пратеници да знаеме што за спикерот е прифатливо а што не е прифатливо. Ние укажавме дека тоа е кршење на деловникот бидеќи согласлост членот деловникот (тоа е членот 150) кој ги регулира правото на пратеник на амандман, таму стои само претседателот на собранието. Тоа значи јас како пратеник, бидеќи титуларот е познат, тоа не е собрание на Данска, на Шветска туку се знае кое е, не сум должен да наведувам кое собрание. Меѓутоа Џафери си го толкува деловникот како што сака, тој до сега го толкуваше на ваков начин, сега го толкува на поинаков начин. Му беше укажано од моја страна, дека не може ретроактивно на веќе поднесени амандмани да менува пракса и дека тоа би можело да биде веќе од понеделник натаму како пракса.
И тоа е, спорот ќе остане да се решава во понеделник, ќе видиме кои се ставовите и кои ќе бидат ставовите и наши и на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓутоа има една, ние ја условуваме политичка дискриминација, а тоа е дека амандманите на Алијанса, кои ви тврдам, бидеќи ги имам видено, се технички 10 пати понеуредни од нашите, стојат од април месец. Тоа значи, скоро пола година тие го блокираат собранието, за да од еднаш тоа екслузивно право им остана само нив, а ние немаме право на амандмани. Меѓу другото, во тие амандмани, не се сите блокирачки амандмани, како што тие ги наведуваат, туку има и суштински амандмани на самиот нормативен текст, а не на преодните и завршни одредби, кадешто го прават филибастерингот. И сега ќе видиме, не знаеме кој ќе биде ставот.“