Уште една победа на Апасиев: Полицаецот што го застана казнет дисциплински

„ПРАВДАТА НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ОТСТАПУВА ПРЕД НЕПРАВДАТА!

Епа, драги најчевци, панчо-миновци, полициски синдикалци со купени дипломи и други соросписки журналисти и колумнисти. Друг пат, кога ќе се обидете да му држите лекција на Професор по право, прво прочитајте си некоја книга и по некој закон, па тек тогаш коментирајте у етер, за да не се бламирате и да ви се смее народ 😉

Внатрешната контрола при МВР утврдила дека: „Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал, со што постапил спротивно на чл. 3 од од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат ‘дрегер’“ – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност ❤

p.s. Уште од Римското право, основното гесло на правниците е: „Чесно да живееш, никому да не му наштетуваш и секому да му го дадеш она што му припаѓа“! Така ги учам студентите, така и живеам – без оглед дали комуницирам со граѓанин, полицаец, министер, спикер, претседател, крал…

p.s. Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи Животот!“