Еко-фашизам: Според Морачанин струјата треба да е поскапа за да се штеди
На денешната седница, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, изјави дека струјата треба да е поскапа, за да се намали нејзината потрошувачка.
Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не треба да биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, – порача Морачанин.
На оваа изјава, реагираше Движењето за социјална правда „Ленка”, при што на својот официјален профил напишаа дека правото до електрична енергија не е луксуз, туку нужност. Тие ја обвинија Морачанин дека ваквиот став претставува еко – фашизам.