АктуелноЛокално

Апасиев и Крмов денес продолжуваат со филибастеринг против законот за државјанство!

Пратениците на Левица вчера објавија дека продолжува расправата на Комсиијата безбедност, каде тие го блокираат спорниот закон за државјанство, предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Пратениците на Левица претходно реагираа дека предлогот е донесен зад затворени врати, без учество на јавноста и дека истиот е спротивен на Европската конвенција за државјанство.

Утре од 10:00 часот, Димитар Апасиев, продолжува со блокадата на „Законот за државјанство“! За вчерашниот обезбеден кворум од Алијанса и Алтернатива, СДСМ им враќа со закажување на седница на Комисијата за одбрана и безбедност. За еден беден кворум се продава државата.

Ние не попуштаме! Ако имало филибастер за Талат Џафери, тогаш ќе има филибастер и за Димитар Апасиев!
Да не излезе дека македонските пратеници се пратеници од втор ред, секогаш кога мора да помине национал-шовинистичката агенда на албанските партии
., напиша Крмов на својот профил.


Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, регираше дека со ваквиот закон се спрема нов етно-инженеринг на населението, со нови 70.000 вештачки доделени државјанства на странци (идни гласачи).

Додека го распродава македонскиот јазик на Бугарите, Заев е свесен дека ги губи Локалните избори и дека Македонци веќе не го гласаат. Затоа, додека мудрува на „Преспа Дијалогот“ во Отешево, позади сцената утре сака да го прошверцува контроверзниот Закон за државјанствата, со кој ќе фабрификува нови 70.000 вештачки доделени државјанства на странци (идни гласачи), за нов етно-инженеринг на населението – во пресрет на фалсификуваниот Попис 2021.

p.s. Заев, друже, играше all-in и изгуби! Доста е веќе! Вразуми се додека е време и отстапи. Доволно штета и направи на Републиката.